МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ова е прв мост од ваков вид во Кавадарци а се гради согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци

„Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.На источната страна ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај основниот суд.

Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, мостот е долг е 21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.

Со овој проек општината реализира едно долгогодишно барање на жителите. За неговата изградба се наменети 700.000 денари“ се наведува во соопштението кое до РТК.МК до испрати Кабинетот на Градоначалникот на Опшптина Кавцадарци-Митко Јанчев.