МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината Кавадарци започна со реализација на капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“.

Станува збор за изградба на целосно нова делница со вкупна широчина од 16 метри каде се гради коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.Со овој проект практично се продолжува проширувањето на оваа значајна сообраќајницa од постојното решение со истите димензии од бензинската на „Макпетрол„ сега во должина од 1 километар во правец на Росоман.Проектот предвидува и комплетна сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци ќе добие нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот кон Росоман и Скопје.

54436532_2379100522313995_5570001197642809344_n.jpg54522064_2379100508980663_5751160362682548224_n.jpg