МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со релизација на сообраќајно- комуналниот проект за изградба на кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.

Проектот овде предвидува современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот.Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. „8 - Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3.000 м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.

54401878_2379098125647568_1220159432374091776_n.jpg54437065_2379098135647567_8869057073388716032_n.jpg