МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и канидидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски синоќа во салата на Домот на културата „Иван Мазов Климе„ во Кавадарци на трибина со грѓаните посочија на придобивките од политиките што водат напред кон НАТО и кон ЕУ, а коишто веќе ги чувствуваат граѓаните, посебно на економски план и водат кон развој и на земјоделството и на економијата.

-Ако минатата година беше година на интеграциите, оваа и следната година ќе бидат години на економијата којашто веќе бележи раст и тоа со темпо со кое што не сме биле со години, и тоа е поради отворените интеграции.

Претседателскиот кандидат Пендаровски посочи на бројката од речиси 625 милиони евра странски инвестиции што влегле во нашата држава, само за 2018 година.

Во јуни очекуваме датум за почеток на преговорите со ЕУ, може да замислите какви `се фондови и економски можности ќе се отворат за нашата држава, додаде кандидатот за претседател Пендаровски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, посочи на повеќе бенефити за земјоделците во последниот период и порача дека е потребно да продолжат евро-атлантските интеграциски политики, за да има повеќе пари во земјоделството како и за сите граѓани европски животен стандард.

-Исплативме за 2014/15/16/17 година 110 милиони евра заостанати субвенции, секоја година даваме паралелно 140 милиони евра субвенции, доделени се 424 грантови од по 10.000 евра само во земјоделството, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев кој додаде дека државата, со вистински, исправни чекори, може да се најде на својот народ.

-ЕУ е платено грозје, ЕУ е укината акциза за ракијата на 0 проценти, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

На Трибината во Кавадарци синоќа говореа и Наталија Славева и Бранко Трајковски -Сачмо.

Z3.jpg

Z4.jpg

Z6.jpg

Z9.jpg

Z11.jpg

Z1.jpg