МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци во април и мај 2019 донесува повеќе квалитетни kултурно уметнички настани,

Денеска во Галеријата на Домот, со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложба со деветте најдобро оценети стрипови од Стрип наградата “Лифт“ во организација на издавачката куќа “Темплум“. Станува збор за стриповите на: Никола Панов, Стефан Николовски, Оливер Цветковски, Лазар Ангелов, Виктор Гаврилoски и Магдалена Мирческа, Јована Велинова, Кристина Неделковска, Марија Николаевска и Владимир Трајановски. За конкурсот и за наградените ќе зборува Никола Гелевски, член на жирито и уредник на Темплум.

На 16 април 2019, исто во Галеријата на Домот, со почеток од 20 часот, ќе се оддржи четвртото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“. Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“ е посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол (1957-2015). На денот на раѓањето на големиот уметник и човек, неговите долгогодишни пријатели, соработници и соборци, со избор дела од неговиот последен работен циклус, со видео материјал од неговиот живот и творење и со музички перформанс на “Jazz All Night Trio“ ќе потсетат на еден величенствен уметнички и животен пат. Специјален гостин - уметник на ова издание на “Пријателите за Ристо 2019“ е Елпида Хаџи - Василева, големиот кавадаречки и македонски, а светски уметник. Елпида - дете на Кавадарци, дете на кавадаречката чаршија, во чест на човекот кој и беше и пријател и соработник се придружува на чествувањето на големиот Ристо Соколов Сокол. Организатор на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо 2019“ е Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, во чиј склоп работи неформалната група уметници “Сокол Арт“, а во соработка со Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.

Во среда, на 17 април 2019, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци премиерно ќе ја изведе театарската претстава за деца “Волшебникот од Оз“ работена според вонвременскиот текст на Лиман Френк Баум. Адаптацијата и режијата се на Микица Илова. Играат: Розе Милкова, Мартин Гогов, Сашко Орешков, Александар Стојанов, Микица Илова, Смиља Бошкова, Софија Маркова, Благица Илиева, Трајче Јованов, Стојанчо Ванѓелов. Сценографија: Трајче Јованов; Светло/музика: Марјан Тодоровски; Сценска поддршка: Диме Темков: Плакат: Билјана Соколова Тодоровска. Претставата “Волшебникот од Оз“ претставува возбудливо патување во светот на бајките, со оригинални и автентични сценографија и костими, специјално подготвени за оваа претстава. Претставата освен премиерното издание, ќе биде на сцена за учениците од основните училишта за организирана посета, во деновите од 18 до 23 април 2019, во дневни термини.

Освен горенаведените настани кавадаречката културна и уметничка публика во Април и Мај 2019 ја очекуваат повеќе ликовни изложби од познати македонски ликовни уметници, промоции на книги, премиери и репризи на театарски претстави, проекции на европски филмови, концерти на џез музика, балетски перформанси и други. Повеќето од настаните во вистинската пролетна културна офанзива на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ се со слободен влез за посетителите.

м.т.

56956420_308573416488124_1264180502105948160_n.jpg

56368716_367055247232267_5889388958776819712_n.jpg