МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци ја реализира наредната фаза од изградбата на проширувањето на Западен булевар.

Ангажираната фирма изведувач „Градба промет“ работи на поставување на павер елементи на источниот тротоар од булеварот.

Според проектот се гради нов тротоар во должина од 2х1000 метри, со широчина од 2 метри. Овде се поставуваат бехатон плочки на вкупна површина од 4 000 метри квадратни.

Со реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект, северниот влез во Кавадарци, од правец на Скопје преку Росоман, ќе биде целосно урбанизиран и осовремен.

65183257_2441869939370386_6346592509518413824_n.jpg