МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На Тиквешкиот гроздобер на 6,7 и 8 септември 2019 , во недела од 22 часот ке пее Здравко Чолиќ,во сабота Јелена Розга.

Советот на Општина Кавадарци денеска даде вiза на предложената програма која и официјално ќе биде објавена за сите граѓани.Гроздоберот ке трае три дена и содржи богата Програма.

На седницата најмногу се дебатираше за промена на општинскиот печат.Со 11 гласа за и 8 против беше усвоена одлуката за изменување на статутот на општина Кавадарци. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ се изјасни и гласаше гласа против статутарната одлука за измени на статутот на општина Кавадарци со новото уставно име на државата.

Од другите материјали со 11 гласа-за и 7 -воздржани- се усвои одлуката за покачување на цената за износ на смет од 1,1 денар по м2 на 2 денари. Воздржани по оваа одлука беа дел од советниците на СДСМ. Беше извршено и усогласување на цената на водата согласно одлуката на Регулаторната комисија.Овие измени беа образлоѓени од директорот Ѓоко Поп Ицов и градоначалникот Јанчев како резултат на зголемениот обем и квалитет на работата на ЈП „Комуналец„.Цената на водата и понатаму е меѓу најниските по м3, во државата.

20190627_133127.jpg