МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера Градоначалникот Митко Јанчев и Биба Додева од здружението „БОРКА – За секој нов ден`` потпишаа меморандум за соработка, а во насока на подобрување на здравствените услуги и јавното здравство на жителите на Општина Кавадарци.

Кавадарци е прва Општина која што потпиша ваков меморандум кој има за цел воспоставување долгорочна соработка помеѓу двете страни во насока на подобрување на Заштитата на правата на пациентите во Кавадарци и формирање и работа на Комисија за заштита на правата на пациентите во состав на Општината, согласно глава 4 од Законот за заштита на правата на пациентите, како краен резултат на соработката, објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на својот ФБ профил .