МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денес во посета на Општина Кавадарци беа Филип Рикер, вршител на должноста помошник Државен секретар на САД за Европа и Евроазија и Амбасадорката Кејт Мари Брнз.

Причина за посетата на Општина Кавадарци беше средбата со градоначалникот м-р Митко Јанчев. Работната средба се случи во кабинетот на градоначалникот а изјави за медиумите не беа предвидени.

Честа да се биде домаќин на високи политички претставници како што е г-дин Рикер е огромна и од големо значење за Општина Кавадарци.

Ова е и прва средба на градоначалникот со новата амбасадорка Кејт Мари Брнз.

67233934_2466537933570253_5496207543464099840_n.jpg