МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во срцето на Кавадарци – отворенко е ново регионално одделение на СОС Детско село кое ќе работи на промоција и обука на нови згрижувачки семејства и ќе обезбедува стручна помош и поддршка во Вардарскиот регион, односно Кавадарци, Свети Николе, Неготино, Чашка, Демир Капија, Росоман и Велес! Со поддршка од градоначалникот Митко Јанчев, заменик-министерот Ѓоко Велковски и национална директорка на СОС Детско Село, Јулијана Накова Гапо, направивме уште еден чекор кон целта – секое дете да расте во безбедна и грижлива средина. Кавадарци е општина со голем капацитет за хуманост. Новата канцеларија е отворена за сите кои сакаат да дознаат што значи да се биде згрижувач, како да се вклучат и како заедно можеме да ги промениме детските животи. Ве повикуваме – приклучете се на нашата мисија. Секое дете заслужува дом. А некои – токму вашиот. Од срце благодариме на сите кои веруваат дека љубовта и поддршката можат да променат сè. 492552190_663000816475308_1019743382716149539_n 492362145_663000749808648_3287759092830784566_n