МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нoвата учебна година во Општина Кавадарци ја започнуваат 328 првачиња.Градоначалникот Митко Јанчев на сите ученици и наставници им посака успешна учебна година .

„Почитувани,

Во Општина Кавадарци денес почнуваат со настава 328 првачиња во 23 паралелки, вклучувајќи ги и подрачните училишта. Ние како општина непрекинато работиме на подобрување на условите во сите училишта но нашата општина. Во изминатите години се вложуваше многу во подобрување на училишните згради, вториот дом на нашите ученици. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме да ги следиме трендовите во образованието и за децата ќе обезбедуваме место кое ќе биде инспирација за нови знаења.

Новиот почеток секогаш претставува предизвик преку кој неуморно сакаме да учими за нешто ново, нешто непознато.

Денес започнува уште една учебна година. Верувам , дека денес сите ученици се возбудени и нестрпливо го очекуваат запознавањето со новата учебна година. Ова е почеток на ново скалило во животот на нашите најмили.

Најголем предизвик пред себе имаат првачиња со почетокот на нивниот нов начин на живеење. Пред вас, драги првачиња е еден непресушен извор на знаење од кој треба непрекинато да учите и да се надградувате. Во оваа учебна година ќе се запознаете со многу нови работи, ќе ги запознаете буквите и бројките. Пред вас е година во која ќе ги научите основите за градење на големи успеси.

Сакам да им посакам среќа и на оние кои се столбот на писменоста на нашите деца. Драги просветни работници, ви посакувам уште една година која ќе биде богата со успех кој вие го пренесувате на нашите деца. Посакувам да имате успешна година која на крајот ќе покаже резултат со многу одлични и примерни ученици. Вие сте вторите родители на нашите деца, верувам дека за вашета посветеност тие ќе ви возвратат со големи успеси и многу знаење.

Среќно ученици, Среќно првачиња.

Ви благодарам,„-

се вели во обраќањето на Градоначалникот Митко Јанчев по повод почетокот на учебната 2019/ 2020 година.