МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На колонијата беа изработени 140 ликовни дела од над 60 уметници

Во Кавадарци денеска по шестдневно траење заврши Ликовната колонија„Кавадарци-Михајлово 2017„.Колонијата ја организира Советот и Градоначалникот на Општината и Домот на културата Кавадарци и претставува вистинско ликовно освежување во Кавадарци ова последна декада од месец август годинава.

На затварањето денеска беа сумирани впечатоците од нејзиното одржување, а директорот М-р Владимир Темков рече дека овде во „Уни палас„ и во Кавадарци се создадени над 140 дела кои засекогаш ке останат во градот за да говорат за творештвото кое зад себе го оставија над 60-те ликовни уметници кои доаѓаат од повеке Европски и други земји од светот.На затварањето на Ликовната колонија „Кавадарци-Михајлово 2017“ зборуваше проф. Д-р Кирил Темков, кој зборуваше за одржувањето на ваквиот вид ликовни средби во Македонија и потенцијалот кој овој град го има на ниво на ликовна уметност во земјата.