Во текот на вчерашниот ден завршија средбите со месните и урбаните заедници. Вчера Градоначалникот Митко Јанчев заедно со службите од Локалната самоуправа и ЈП Комуналец остварија средби со МЗ Марена, МЗ Сопот и МЗ Глишиќ.На средбите беа презентирани реализираните проекти од изминатите две години како и планираните проекти за 2020 година.Целта на овие средби беше заедничката подготовка на Програмата за комунална изградба за 2020 година. Преку овие средби на терен се согледуваше реалната состојба и се поставуваат приоритетите за 2020 година