Денеска во рамките на акцијата „Среќно прваче„- Лионс клуб „Тиквеш„од Кавадарци со ЈДУ „Рада Поцева„ спроведоа превентивна акција за стоматолошки прегледи за состојбата со забите на 250 - до 300 деца згрижени во Детската градинка во Кавадарци.Со соработка со тимот на ПЗУ „Фуџи Дент„стартуваа прегледите на забите при што на децата им беа врачени и пригодни практички подароци.Акцијата започна во објектот „Гроздоберче„

Инаку ЛАЈОНС КЛУБ ТИКВЕШ на 11 декември 2019 година организира ГOЛЕМ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО САЛАТА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ„ НА КОЈ КЕ НАСТАПАТ КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ ЛУЈ„ ОД СКОПЈЕ ПОД ДИРИГЕНСКАТА ПАЛКА НА ПОЗНАТИОТ ЛЕ ФИ ФИ. И ВЕРА ОД „ЉУБОЈНА„.СРЕДСТВАТА ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ЗДУЖЕНИЕТО ЗА СЛЕПИ ЛИЦА ОД КАВАДАРЦИ СО НАМЕНСКА ФУНКЦИЈА; НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА ГОЛ БАЛ НАТПРЕВАРИ.

БИЛЕТИТЕ ПО ЦЕНА ОД 150 ДЕНАРИ МОЖАТ ДА СЕ НАБАВАТ ВО ФОТО СТУДИО „ФУЏИ„ И ПРЕД ДЕНОТ НА ХУМАНИРАРНИОТ КОНЦЕРТ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА.