МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РЕШЕНИЈА ЗА РАБОТЕН ОДНОС НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ДОБИЈА РАБОТНИЦИ ВО МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА, ДЕТСКАТА ГРАДИНКА И ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

Воздишки на задоволство, убава атмосвера во Големата сала на Собранието на Општината денеска.Градоначалникот Александар Панов ги врачи решенијатаза работа на неопределено време на 19 досега вработени според договор на дело во Детската Градинка Кавадарци,двајца во Домот на Културата и тројца во Музеј Галеријата.

Се работи за луге кои ни беа неопходно потребни на работните места кои со години ги работеа за мали примања, Благодарение на Владата , се најде законско решение за нивна трансвормација на работниот однос на неопределено работно време,рече Панов.

Потребата од нов кадар ббеше изразена во Детската градинка исто така и во Градскиот музеј .Овде имавме стагнација на примањата, и сега конечно се остварува потребата и желбата на директорите а особено се задоволува неоходноста од приемот на сите кои денеска конечно ги добија посакуваните решенија за работа.

М.Д.