МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, во сабота на 14 декември 2019, со почеток од 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата “Професионалец“.

Претставата е работена по текст на познатиот драматург Душан Ковачевиќ, а е во адаптација и режија на Ненад Витанов од Велес, како гостин. Во претставата играат Александар Малинков, Диме Коцевски и Диме Боцев. Првата реприза на репертоарот е веќе наредната недела. Театарот при Домот на културата од Кавадарци годината ќе ја заврши со уште една премиера, традиционално новогодишна претстава за најмладата публика “Кој е вистинскиот Дедо мраз“. Автор на текстот е на Микица Илова, која е и режисер на претставата.