МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Реакција на прес конференцијата на СДСМ Кавадарци.Интегрален текст:

„СДСМ и Зоран Заев се најголемите измамници во историјата на независна Република Македонија.

Наводното покачување од 10% е само замачкување на очи и прикривање на овој грабеж кој го прават врз просветните работници.

Имено според Колективниот договор од 2010 година потпишан наставниците и професорите во основно и средно образование имаат коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој пак се множи со минималната плата.

Доколку пак се земе во предвид дека минималната плата е 14.500 денари тогаш согласно закон и колективен договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега им го дава Заев.

Ова во превод значи дека Заев и СДСМ сакаат да ги изманипулираат наставниците и професорите и не им ја дава платата која со закон им следува.

Лагата повеќе не поминува. Наставниците и професорите треба да си го добијат она што го заслужуваат со закон.

После 12 април следува одговорност за сите лаги, манипулации и кататстрофални политики. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Законот за минимална плата Колективниот договор потпишан од 2010 тата година.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.“