МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена ликовна изложба насловена како “Уметноста на Неготино“.На изложбата се изложени дела настанати на Ликовната колонија “Свети Ѓорѓи“ Неготино 2019, како и дела настанати по повод чествувањата на празникот Свети Трифун.На изложбата говореа Владимир Темков од Домот на културата Кавадарци и Драгица Чекорова -директорка на Музејот на град Неготино.