Започна изградбата на пешачки мост во село Марена со што значително ќе се олесни движењето на пешаците на таа локација. Општина Кавадарци инвестира и гради на територијата на целиот град и руралните средини со цел подобрување на условите на граѓаните.