МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев денеска на прес конференција ја информира јавноста за старт на решавањето на прашањето со изградба на нова детска градинка со што со што се решава проблемот со простор за згрижување на деца во предучилишните установи

На планираната локација на улицата „Ресавска“, претставници на нвеститорот Министерството за труд и социјална политика и Општина Кавадарци, во присуство на надзорот и директорката на детската градинка „Рада Поцева“, денеска извршија воведување во работа на изведувачот на новиот објект од градинката.

Откако ќе се изгради, овој капитален проект треба да биде долгорочно решение на проблемот со недостиг на слободни места за прифаќање на децата од предучилошна возраст во градинката.

Со неговата изградба, како и со досегашните превземени активности на општината во доградба и проширување на постојните објекти, како и адаптирање на простор во селата за детски градинки, Општина Кавадарци, не само што ќе го надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на деца во градинката, туки и ќе прмине во водечка општина во републиката со оптимално решение на значаен и горлив социјален проблем.

DSC_0036

DSC_0048