МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Превентивните мерки за влез во кавадаречката полиција се почитуваат .Ова особено важи при завршување на обврски околу потреби за патни исправи, лични карти и други документи. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски наведува дека со асистенција на полициски службеник, не се дозволува влез на поголеми групи граѓани.Целта е превентивно да се влијае против коронавирусот. Тој вели дека влегувањето и излегувањето од полициската зграда е ,,еден по еден” и со држење на пропишаното растојание од човек до човек.

Тој додаде дека на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес, кој покрива повеќе општини, доследно се почитуваат владините мерки за превенција од коронавирус.