МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На одржаниот колегиум на судии на Основен суд Кавадарци, на ден 17.03.2020 година, согласно препораките на Владата на РСМ за начинот на извршување на надлежностите на судовите за време траењето на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, усвоен е План за постапување со судските предмети и начин за реализација на судските рочишта во Основен суд Кавадарци, при што ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ за следното :

Се одложуваат сите судења, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се ;- предмети кои се пред застарување,- предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, - предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, - предмети кои се стасани до изрекување пресуди, - предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Недоаѓањето на странките, нивните застапници и полномошници за предметите кои се одложени, нема да предизвика никакви правни последици во периодот додека траат мерките со препорака за превенција од COVID 19 во интерес на заштита на јавното здравје

За повеќе информации во врска со извршувањето на надлежностите на судот и постапувањето во судските предмети за периодот на времетраењето на мерките за превенција, можете да се обратите на следните телефони : 043 413 150 и 075 203 877

Обрасци на барањата за издавање на потврди и уверенија кои се во надлежност на судот, како и сметката на судот каде се уплаќа судска такса, објавени се на интернет страната на судот на линкот за обрасци и формулари

Барањата за издавање на потврди и уверенија можат да се поднесат електронски на емаил на судот contact@oskavadarci.gov.mk

Потврдите и Уверенијата судот ги издава на дневна основа,а граѓаните можат да ги подигнат секој работен ден во 15 часот со приложување на барањето во писмена форма и доказ за уплатена судска такса„, се вели во службенито известување од Основен суд со проширена надлежност Кавадарци, за што потврда добивме и од Претседателот на Судот Проф.Др. Лазар Нанев.

8278458888

83482657_100551551503660_1206681154984345600_o