МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Имајќи ја предвид кризната ситуација што ја предизвика пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), како во државата, така и на глобално ниво, нашите две организации, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ќе продолжат да ги повикуваат медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и предизвикувањето паника во јавноста. Ширењето на КОВИД – 19 е причина за голема загриженост кај јавноста, но известувањето во некои медиуми придонесува кон зголемување на вознемиреноста на начин што не е етички оправдан, а ширењето дезинформации може да доведе до сериозни последици.

Оттука, апелот за зачленување во Регистарот е дел од заложбите да се поттикне значајната улога на медиумите во правилно разбирање на појавата на коронавирусот, последиците од неа и начините на ефективна превенција.

Наш заеднички интерес е да се зголеми членството на медиумите во овој Регистар, а со тоа и определеноста на медиумите да работат професионално, одговорно и етички преку почитување на процесот на саморегулација и критериумите кои што се засноваат на практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а консултирани со новинарската и медиумската заедница. Досега овој процес е поддржан од голем број медиуми, Стопанската комора на Македонија и меѓународната заедница, а во моментот Регистарот има 102 членки.

СЕММ веќе добива претставки за неетичко известување во врска со коронавирусот, а во таа насока апелираме до јавноста да продолжи да реагира на случаите на непрофесионалност и да придонесе во спречувањето на дезинформациите во медиумите.“- се наведува во објавата за ова од 22 март година.

Инаку Регионалната тв куќа -www.rtk.mk е член на Советот за етика како професионален медиум кој се придржува до стандардите на етичкото известување при своето работење.

М.Димитров

12119945_1047249658652486_7132355895467469482_o