МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот на Општина Кавадарци, со која претседаваше Ристо Сакалиев, денеска одржа седница online.Се работи за 42 седница. На седницата се донесе одлуката за ослободување од пресметување на камата за задоцнето плаќање на долгот на физички лица, корисници на комунални услуги и трошоци во постапка спроведена пред надлежен суд или нотар.Беа усвоени годишните планови за вработувања за 2021 година на Општината како и на Домот на културата , ООУ „Тошо Велков Пепето“ и ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа и ООМБУ „Лазо Мицев Рале“.НА седницата Советот донесе урбанистичкиот план за село Возарци, измените на програмата за поставување на урбана опрема , одлуки за донации и измените и дополнувањата на одлуката за утврдување тарифа на цени за зонско паркирање. На овој начион сега бранотените ке можат да плаќаат месечен надомест за паркирање.На крајот од 42 седница градоначалникот Митко Јанчев го поздрави ефикасното работење на советниците .Паркирање им се овозможува на вработените повластена цена и кон ечно донесен е урбанистичкиот план за Возарци. Исто така градоначалникот ја поздрави одлуката на физичките и правни лица да им се овозможува бесплатно да депониараат земја и шут на градската депонија .

м.д.