МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Претседателот на СДСМЗоран Заев со соработниците во рамките на изборната кампања за парламентарните избори денеска престојуваше во Кавадрци, во Ваташа а престојуваше и меѓу жителите на Росоман.

Инегрален текст на обраќањето на Заев на новиот мост во село Ваташа.

„Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Инфраструктурата за една држава значи економски развој, ама значи и социјален стандард и достоинствен живот.Од тоа дали има добар пат за брз превоз на земјоделски производи од село во град, зависи судбината и заработката на земјоделецот. Од тоа дали има добар пат и добар ургентен центар може да зависи животот на некој пациент. А од тоа дали има вода и канализација може да зависи квалитетот на животот на цели семејства.Па дури и од ваков мост како овој позади нас, заради кој сме и тука, зависи безбедноста на граѓаните да си ги извршуваат секојдневните задачи.

До него се гледа стариот кој сведочи за годините негрижа на претходната власт.Инфраструктурата која ја градиме ќе ни овозможи да се справуваме со кризи како оваа со коронавирус, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации да не почнуваат наново од нула.

Кога пред три години ја презедовме одговорноста да ги водиме институциите, не дочека инфраструктурен хаос и негрижа.Декада криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, парите да се трошат на стиропор, барок и споменици оставија тешки последици врз инфраструктурата, и промашени траси и тунели на кои едвај чаре им се наоѓаше.120 милиони беше финансиската штета само од автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Парите на граѓаните ги есапеле како расипници, а не како домаќини. Трошеле како да ќе нема утре.Со чесен, домаќински, транспарентен пристап почнавме со надминување на напластените проблеми и влеговме во развој и унапредување на инфраструктурата.Резултатите се конкретни и видливи. Денес се гради низ целата држава во сите региони подеднакво. Денес, речиси и да нема општина во државата во која во овие три години не е изграден или не е почнат со изградба некој капитален инфраструктурен проект.

Го решивме проблемот со автопатот Кичево-Охрид и обезбедивме дополнителни финансиски средства за реализација на проектот. Ги решивме наследените проблеми, го завршивме и го пуштивме во употреба автопатот Миладиновци – Штип.Градиме и експресен пат Штип – Радовиш кој треба да биде готов во 2022 година.

Го изградивме експресниот пат Штип – Крупиште во должина од 14,3 километри, откако претходно ги решивме проблемите со експропријација, и за некои 10-тина дена би требало да е спремен. Активно се гради експресниот пат Крупиште – Кочани и за помалку од една година Штип и Кочани ќе подобро поврзани.Истиот тој пат ВМРО-ДПМНЕ го пишале во програма дека ќе го завршат. Очигледно е дека и на исток исто како во Битолско не ги знаат патиштата.

Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир.

Силно инвестираме и во железницата, сектор кој комплетно беше заборавен од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Наследивме проблем со изградбата на пругата Битола – Кременица, го решивме и тој проблем и ја изградивме пругата во должина од 16 километри и вкупна вредност од 21 милион евра.

Три години градиме по план. За да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, за да обезбедиме силен локален економски развој во секоја општина.

Комуналната инфраструктура е важна за унапредување на квалитетот за живот на граѓаните и затоа сериозно вложуваме во неа. Низ целата држава, за три години изградивме преку 400 километри водовод и канализација. А во некои населени места за првпат се решава проблемот со вода за пиење.

За три години се изградија и се пуштија во употреба пречистителни станици во Гевгелија, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кичево и Кочани. По целата земја градиме и ќе продолжиме да градиме пречистителни станици, за да си ги исчистиме реките. Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните земјоделски полиња.

Првпат по повеќе децении, инвестираме и во колекторскиот систем во Охрид, за да си го зачуваме драгоценото Охридско езеро.Важна ни е природата, важна ни е животната средина и затоа сме посветени на гасификација на државата, за да имаме почист воздух и здрава животна средина.

Во 2019 и 2020 година, и во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години. . Влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом.

Ова, почитувани е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните, но и за идните генерации.Градиме за нашите најмали, досега изградени, реконструирани, проширени и опремени се 44 објекти на детски градинки низ целата држава.

Инвестираме и во изградба, реконструкција и модернизација на над 30 објекти во јавното здравство, кое денес е главен предводник во борбата со коронавирусот и е буквално најважниот сектор.

Почитувани,

Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе.

Можеме уште повеќе болници, градинки и училишта. Можеме уште подобро поврзување, на селата со градовите и на земјава со соседите.Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.

Гасот како енергенс го носиме до домовите и компаниите. Уште повеќе за почист воздух, уште подобро за пониски сметки за енергија.Продолжуваме со изградба на нови пречистителни станици, на нови водоводи и канализации. Развојот да го подигне стандардот на највисокото ниво.Градиме модерен нов Клинички центар во Скопје за уште повеќе да го зајакнеме здравствениот систем.Ова почитувани е нашата понуда пред граѓаните. Ова се решенија за проблемите, решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Граѓаните го препознаваат овој искрен, чесен и домаќински пристап на СДСМ и Коалицијата „Можеме“.Затоа, на 15 јули масовно ќе застанат зад нашиот концепт за развој и ќе гласаат за број 3 за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ за развојот на инфраструктурата да продолжи уште повеќе.„ нагласи претседателит на СДСМ Зоран Заев пред жителите на село Ваташа.

222

ЗАЕВ ВО РОСОМАН

Тој пред жителите на Росоман вети дека„ уште повеќе ќе ги поддржуваме домашните компании, обезбедуваме 600 милиони евра поддршка за домашната економија до 2024 година„

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ 4, Зоран Заев денеска во Росоман оствари средби со претставници на бизнис секторот и со вработените во повеќе фирми на кои се зборуваше за успешното справување со последиците од економската криза предизвикана од пандемијата како и за новата понуда во следниот четиригодишен мандат со којашто заедно ќе градиме нова развојна економија.

Во разговорите со претставниците на бизнис секторот од Росоман тој укажа на тоа дека СДСМ успешно се справува со негативните ефекти предизвикани од корона кризата, преку трите сета на мерки за помош на македонската економија пуштени се во оптег 1.1 милијарда евра, односно 10% од вредноста на БДП. Првите резултати се видливи, економијата закрепнува побрзо од очекуваното.

Конкретно во Росоман поддршката за исплата на плати и придонеси добиле 18 компании кои вработуваат 83 граѓани. Бескаматни кредити добила 1 компанија со 15 вработени, а 533 граѓани добиле платежни картички.

„Посветени сме на максимална поддршка на бизнис секторот, бидејќи ни е важно да се зачува секое работно место и да се создадат услови за отворање на нови. Изминативе 3 години имавме рекордна поддршка на домашните компании која изнесуваше 100 милиони евра. И во следниот мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро да ги поддржуваме компаниите со поддршка 600 милиони евра обезбедена од буџетот и европските фондови“ порача претседателот Заев на средбите со бизнис секторот.

Претседателот Заев заклучи дека е важно државата да продолжи на правиот пат кој овозможува развој на нова македонска економија за раст на компаниите и приватниот сектор и затоа е важно граѓаните да излезат на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето и да ја дадат својата поддршка и глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“.