МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ ЈА ИНФОРМИРАШЕ ЈАВНОСТА ЗА ТЕКОВНИТЕ НО И ЗА ИДНИТЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ

Со изјава за медиумите градоначалникот на Кавадарци М-р Митко Јанчев ја информираше јавноста за актуелностите поврзани со комуналната изградба. За завршени, актуелни но и идни проекти на оваа тема нагласувајки дека сето она што било предвидено за оваа година ке биде реализирано. Од актуелните проекти беше спомнат влезот во градот од страна на Неготино односно улица „Шишка“ каде се работи на проширување на сообракајницата со три коловозни ленти, реконструкција на градскиот парк и градскиот стадион, изградбата на винскиот музеј, потоа велосипедско пешачката патека од Ваташа до „Моклиште“,кејот од „Брушански мост“ до Ваташа,поставувањето на електрична напонска мрежа под земја за улично осветлување на потегот од Ваташа до ОУ „Гоце Делчев“, изградбата на скејт парк,санирање,реконструкција и асфалтирање на голем број на улици и улички каде до крајот на годинава се очекува да бидат средени 16 улици. Предвидена е изградба на пешачки мост во село Марена, комплетна реконструкција на канализациона, атмосферска и водоводна мрежа во село Сопот, предвидена е и реконструкција на соблекувалните на фудбалските игралишта во Сопот и Марена, најавени се спортски сали во основните училишта „Страшо Пинџур“ и училиштето во Ваташа,изградба на централен систем на греење со пелети во три подрачни училишта во Марена, Дреново и Бегниште.И најавен е сериозен проект за населбата „Брушанско маало“ каде ке се реши целосно проблемот со атмосферска, канализациона и водоводна мрежа со целосно асфалтирање на улиците „Калница“, „Клинска„ и „Методија Џунов Џико„ како и многу други проекти и активности. Градоначалникот Јанчев најави дека општината ке субвенционира набавка на велосипеди и инвертер клими за социјално ранливите категории на граѓани.

м.в.