МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОВА Е ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ.

Тоа е всушност подарок за полнолетство за секој млад човек Локалната самоуправа Кавадарци денес на прес конференција го презентираше овок проект со наслов; „Го сакам Кавадарци“. Станува збор за книга која секој би посакал да ја има а ке ја подедуваат оние кои почнувајки од денес па во наредниот период ке наполнат 18 години. Книгата ке ја добијат како подарок за полнолетството.За самата книга говореше Димитар Мурџев кој е дел од уредувачкиот тим. Тој истакна дека во книгата е сместено буквално се, од историски податоци и фотографии се до денес, до тоа како се градеше и гради едно модерно Кавадарци. Со помош на книгата младите ке можат и поблиску да се запознаат со својот роден град но и да им раскажуваат на идните генерации. Целта на проектот според градоначалникот Митко Јанчев, кој е и иницијатор на овој проект, е младите кавадарчани многу поодблизу да си го запознаат својот роден крај, да дознаат многу детали и факти за градот, околината,да видат и да се потсетат како живееле нивните родители нивните баби и дедовци и како Кавадарци растеше и се развиваше низ историјата па до денес.И како што пишува во воведот на книгата : „ „Го сакам Кавадарци“ нека биде книга која ке ја носиш секогаш со тебе. Нека те потсетува на малото внимание од општината за твојот најдраг роденден и за убавините во кои си роден. Нека те потсетува на детството и твоето чекорење кон светот на возрасните. Нека те потсетува на градот што те сака, твоето родно Кавадарци“. Денес се подарени првите 3 роденденски подароци за 18-ти роденден на двајца млади од Кавадарци и еден млада личност од село Дреново.

м.в.

118765260_3625359200841506_1026903286697224274_n 333333 118712371_3625359320841494_4868962038328916780_n 118703844_3625359567508136_5088536269551745098_n 118732816_3625359420841484_5512076079343373075_n