МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

РТК.МК дознава дека е во завршна фаза е подготвката на нова книга за најуспешните кавадарчани.Се работи за монографијата “Гордоста на Кавадарци“во која на 400 страници ќе бидат презентирани портрет приказните за преку 120 личности, институции и компании кои со својата работа и дела го свртеле вниманието на јавноста .

Општината Кавадарци е расаднк на успешни стопанственици, спортисти, сликари, музичари и песнопојци,на истакнати општествено-политички дејци,професори, научни работници и иноватори кои со своите дела го свртеa вниманието не само на македонската стручна јавност туку и на еминетни институции и поединци од Балканот и Европа. Оваа монографија претставува обид на едно место да се презентираат работата и делата на успешните луѓе од Тиквешијата. Ова е прв ваков обид во Македонија, во една монографија, да се презентира животот и делата на репрезентативна селекција успешни граѓани кои потекнуваат од една општина.Автор на книгата е кавадарчанецот Тимчо Апостолов кој порано работеше како новинар во весникот “Нова Македонија“, беше главен уредник на ревијата “Екран“ и уредник во дневниот весник “БизниС“

Сметаме дека оваа монографија која ќе ја печати печатницата ROYAL ART desing& prin од Скопје треба да ја подржат компанниите од нашиот град и секако Општина Кавадарци.Издавач на книгата ќе биде Домот на културата од Кавадарци а рецензент проф. д-р Кирил Темков.

Да споменеме само неколку имиња на личности чии биографии и патот до успехот се презентирани во монографијата “Гордоста на Кавадарци“:

ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ - генерален директор на „Алкалоид“, генерален

конзул на Кралството Данска во Македонија, Во 1993 година Трајче Мукаетов ја доби наградата Менаџер на деценијата во Република Македонија. Најголем бренд на „Алкалоид“ се „кафетинот“ со 11 милијарди продадени таблети а од козметиката за деца „бекутанот“ со 150 милиони парчиња не само во Македонија туку и во светот

ИЛИЈА ГЕЧЕВ -сопственик на компанијата за производство

на челични профили “ИГМ трејд“,втор најголем извозник во ЕУ од земјите кои не се членки на унијата, од 2005 година до денес претседател на Собранието на Комерцијална банка а од 2008 година до денес потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

Економски советник на двајца премиери

ПЕТАР МАЗЕВ - ликовен уметник, професор проф. д-р БЛАЖО БОЕВ - еден од најдобрите истражувачи од областа

на геонауката, директор за развој во ФЕНИ, ректор на Универзитетот во Штип, дописен член на МАНУ , претседател на Македонското геолошко друштво

меѓународното признание „Најменаџер на годината“што гo доделува - Европското здружение на менаџери и списанието „Еуроменаџер“.

НИКОЛА МИНЧЕВ - револуционер, воен, партиски и државен

функционер: тој бил делегат на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце(1943) и на Првото заседание на АСНОМ кое се случи на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински, како и член на Президиумот на АСНОМ. Никола Минчев е прв министер за просвета во првата македонска влада. Тој го потпиша законот за првата македонска азбука и првиот македонски правопис. Во 1965 година е избран за претстедател на Извршниот совет на Македонија (влада), а од 1968 до 1974 година е претседател на Собранието на Македонија, време кога активно учествува и во создавањето на Уставот од 1974 година. Изградбата на ФЕНИ беше реална, а затворањето – политичка одлука,вели Минчев

МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ - ЈАСМИН- борец во НОБ, политичар -, публицист, новинар,

уредник на весникот “Нова Македонија“,), претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија,прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија

АНГЕЛ ЧЕМЕРСКИ - комунистички деец, првоборец, државник, претседател

на ЦК на СКМ од 1969 до 1982 година , економист

РИСТО ЏУНОВ - комунист, првоборец, еден од организаторите на

НОБ во Тиквешијата, делегат од Тиквешијата на Првото заседание на АСНОМ,потпретседател на македонската влада, општественик и дипломат

ТОДОР ЏУНОВ - доктор по правни науки, редовен професор, декан

и ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј,, претседател на Уставен суд , член на Бордот на директорите за општествени науки во Виена (основан од УНЕСКО), член на повеќе делегации на Македонија (за сукцесија на поранешна Југославија)

ТОДОР АТАНАСОВСКИ -учесник во НОВ од април 1941 до мај 1945, носител

е на Партизанска споменица од 1941 година ,генерал-полковник, претседател на Сојузот на борците, воено-политички коментатор

КИРО ХАЏИВАСИЛЕВ - публицист, учесник во НОБ, минстер за образовани

во владата на СР Македонија, потпретседател на Сојузното собрание на СФРЈ ,генерален конзул на СФРЈ во Истанбул

ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ -етномузиколог, мелограф, интерпретатор,

прв уредник на редакцијата за народна музика на Радио Скопје-

ГОЦЕ КАМЧЕВ -сопственик на КАМ Маркет, првиот синџир маркети

од типот хард-дисконти на македонскиот пазар со 74 маркети во Македонија, 12 во Бугарија и 16 во Косово . Број 1 меѓу маркетите во Македонија, според остварениот промет

МИОДРАГ МИЦАЈКОВ - професор, доктор по политички правни науки,

декан на Правниот факултет , раководител на Институтот за политички и правно-политички науки

ЃОРЃИ ФИЛИПОВ - амбасадор, дипломат, стручњак за

интелектуална сопственост и автоматизирано производство, универзитетски професор по менаџмент на ИКТ и менаџмент на индустриска сопственост и интернационален маркетинг , прв директор на Државниот завод за заштита на индустриската сопственост во Македонија

ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ - сликар, мозаичар, графичар, сјаен есеист, член

на МАНУ, почесен член на Руската академија на уметностите -Тој создаде и монументални споменици, изработени во современа техника на фрескосликарството, меѓу кои се и ѕидната слика „Топла земја“ во Стопанска банка во Скопје (1971), мозаичниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“, сместени во резиденцијата на претседателот на Република Македонија. Негово дело е и „Споменик на слободата“ во Кочани (1981) – со мозаични фризови од 320 квадратни метри.

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРОВ - професор, доктор на науки, декан на

Технолошко-металуршкиот факултет, научник кој се занимава со истражувањето и производството на новите материјали на 21 век - графен, јаглеродни наноцевки и нивна мешавина

ДИМЕ ЛАЗАРОВ - доктор, професор, автор на учебниците по

геодезија, продекан на Техничкиот факултет и декан на Архитектонско-градежниот факултет

ИЛИЈА КАМЧЕВ -основач на компанијата „Орка“ и претседател

на Управниот одбор, директор за застапништво и реекспорт во секторот увоз-извоз на „Технометал“, директор на „Македонија спорт“

ТОШО ШКАРТОВ - носител на Партизанска споменица oд 1941,одговор

уредник на „Нова Македонија“(1949/1950), предавач на Факултетот за безбедност

ТОМЕ АРСОВСКИ -поет, романописец, драмски автор,

драматург, преведувач, неговата библиографија евидентира преку 20 драмски дела, 14 романи, 4 книги раскази, 2 поеми, 2 збирки поезија, 5 антологии, бројни радио и телевизиски драми...

ИВАН МАЗОВ-КЛИМЕ - револуционер, новинар, уредник, писател,

театарски критичар и општественик

СТОЈАН АНДОВ политичар, публицист, член на Сојузниот извршен

совет (СФРЈ) од 1971 до 1982 година, прв претседател на Собранието на независна Република Македонија , амбасадор на СФРЈ во Ирак. Основач е на Либералната партија на Македонија (5 октомври 1990 година) и нејзин прв претседател.

СИМОН ШЕМОВ - сликар , графичар, професор, Од 1970

до 1981 година предавал сликарство и цртеж на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1981 година како доцент, вонреден и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности предава сликарство, цртање, рачна изработка на хартија (медиум целулоза).бил декан на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

АЛЕКСАНДАР ЛАЗАРОВ - професор, основач на хируршката гинекологија

во Македонија,хирург кој многу придонел за воведување на гинеколошката урологија и на повеќе нови оперативни методи на Клиниката

ПЕТРЕ БАКЕВСКИ - писател, новинар, театарски критичар, директор

на “Детска радост“.добитник на наградите „13 Ноември“ на Град Скопје за стихозбирката „Раскината мапа“ (1984); „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за стихозбирката „Низ златниот прстен на сонцето“ (1994); „Крсте Мисирков“ за новинарство (1979); „Мито Хаџи Василев–Јасмин“ за публицистика и журналистика (1981), наградата за најдобра театарска критика на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински 1987“

БЛАЖЕ МИНЕВСКИ - македонски раскажувач, романсиер, драматург

и новинар, Неговите романи се преведени на англиски, италијански, полски, кинески, словенечки, арапски, српски, ерменски, бугарски и руски јазик. Миневски е застапен во сите антологии на македонскиот расказ објавени кај нас и во светот. Десет негови раскази се преведени на повеќе од дваесет странски јазици.

КИРИЛ ТЕМКОВ - професор по етика и естетика, доктор на науки,

автор на повеќе книги и на Етичкиот кодекс за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.. Бил раководител на Естетичката лабораторија (1971 – 1994), носител на иницијативата за воведување настава по етика во образованието во Република Македонија. Основач и уредник на првото приватно списание во Македонија „Етички тетратки“.

НИКОЛА БАДЕВ - Тој со својата интерпретација остави силен печат

во македонската фолклорна традиција, ги испеа најлирските, најпечалбарските и најпатриотските песни со кои ги разбуди најдлабоките чуства и емоции на слушателите. Неговите обожаватели во моментите на најголем восхит ќе речеа дека „Бадев е пејач кој може да испее тонови што ниту еден инструмент не може да ги отсвири“

ГОРДАНА ЈОСИФОВА-НЕДЕЛКОВСКА - редовен професор, декан на Факултетот

за музичка уметност, проректор за меѓународна соработка на УКИМ, солист на обоа

МИТКО ЈАНЧЕВ -стопанственик и управител на

ДПТУ “Кожувчанка“,политичар , градоначалник на Кавадарци-

БЛАЖЕ РИСТОВСКИ - академик, историчар, филолог,

фолкорист, потпретседател на првата македонска влада , редактор на првата Македонска енциклопедија во издание на МАНУ

БРАНКО ИВАНОВСКИ - новинар, фоторепортер, дописник на ТАНЈУГ, „Вечер“

, „Нова Македонија“ и МТВ

БЛАЖО ЧУЛЕВ - раководител на Културно-просветната заедница,

еден од основачите и директор на Центарот за култура, печат и издавачка дејност „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, директор на библиотеката „Феткин“ во Кавадарци

ДИМЧЕ КИЧЕВСКИ - каратист и тренер на македонската карате

репрезентација, повеќекратен републички и југословенски шампион, повеќекратен македонски и балкански првак, носител на бронзен медал од Европското првенство за сениори

ЈОРДАН ТРАЈКОВ -оснивач и главен акционер на винаријата и

хотелот “Попова кула“

ДИМИТРИЈА АНГЕЛКОВ - проф. доктор по компјутерски науки, иноватор

на „паметни канти“ за ѓубре и интерактивни табли , шест први места во Македонија на натпревари за иновации и претприемаштво

ЉУПЧО КАРОВ – БУБО – шоумен, еден од авторите на

„Кавадаречка Династија“,„НННРВ“, К-15; со групата “Токму така“ два пати победници на македонскиот “ПОП РОК ФЕСТ“, трета награда на Зајачарската гитаријата и младинскиот фестивал во Суботица

ЗАФИР ХАЏИМАНОВ - интерпретатор, композитор, актер, писател и поет ИЛИЈА КАРОВСКИ - музичар, диригент, педагог, дописник на

Нова Македонија, директор на театар и на Домот на културата во Кавадарци, фудбалски судија

АПОСТОЛ АПОСТОЛОВ - професор, педагог и автор на првите учебници

по географија,директор на Педагошката академија од 1948 до 1953 година, еден од основачите на Друштвото на географи на Македонија

м-р ВЛАДИМИР ТЕМКОВ - ликовен уметник, магистер на ликовни науки,

раководител на Младинскиот дом „12 скоевци“ (1982 – 2004) и директор на Домот на културата во Кавадарци каде што успешно го креираше културното живеење во градот (2007 – 2017) организирајќи преку 400 манифестации. Пред неколку години тој ја организира уметничката колонија во Кавадарци, а беше и потпретседател на ДЛУМ

АНЧЕ НАНЕВСКА - сомелиер, доцент за храна и вино, независен

консултант на интернационални компании за креирање на еногастрономска селекција и бренд-амбасадорка на австриската компанија „Традо ГмбХ“

КОСТАДИН КАМЧЕВ - снимател и сопственик на престижното музичко студио

„Моцарт“ во САД, поранешен член на групата „Токму така“

ДИВНА ПЕШИЌ-ГРОЗДАНОВ - македонска шампионка во стрелање, двапати

шампион на Балканот и двапати учесник на Олимписките игри во Сиднеј и Атина, ликовна уметничка која живее и работи во САД

ВАНЕ МАЛИНКОВ-ЌЕНДО - Тиквешкиот фотохроничар ги снимил последиците

од земјотресот во 1932 година и од големата поплава која во 1939 година ја предизвикала реката Луда Мара како и трагичниот настан со лизгањето на земјиштето кај Градот, кога загинаа 8 луѓе и голем број домашни животни.Ќендо ги има направено портретите на сите 250 борци на штотуку формираниот Тиквешки партизански одред а ги сликал сите 12 ваташки младинци непосредно пред нивното стрелање

ЉУПЧО ШКАРТОВ - борец во НОВ, политичар, директор на Комбинатот

„Страшо Пинџур“ и на „ФЕНИ“ –човек кој без разлика на која функција работеше, во вистинската смисла беше „татко на градот“

ПЕТАР НАНЕВСКИ - сликар, поет, есеист ДИМИТАР ПЕЦОВ - проф. по физичко восиптување, тренер на женската

кошаркарска репрезентација, тренер на ракометниот и кошаркарскиот тим „Тиквеш“

ТОДОР ГЕЧЕВСКИ - кошаркар, Тиквеш, Никол ферт, Фершпед Работнички,

Задар, македонска репрезентација, спортски директор на КФМ

ВРБИЦА СТЕФАНОВ - кошаркар на Тиквеш, МЗТ, Работнички, Монтепаски

Сиена, македонска репрезентација

ПЕТАР АНГЕЛОВ-ДИВИ - голман на РК Тиквеш, Пелистер, Вардар, Металург и на

македонската репрезентација

РИСТО МИХОВ - првиот претседател на т.н. “Црвена комуна“ во

Кавадарци во 1920 година кога КПЈ победи на општинските избори

АТАНАС АЗОВСКИ ОД СЕЛО ДЕБНИШТА- го криел Мустафа Кемал Ататурк од

турските власти во Тиквешијата

ВУКО КАРОВ - еден од најдобрите фудбалери на „Тиквеш“ кој

играше и за скопски “Вардар“.Има постигнато 98 гола но од сите нив најмногу се паметат головите што им ги даде на најдобрите југословенски голмани Љубомир Ловриќ и Владимир Беара

ПЕТАР АНЃУШЕВ-ХОРВАТ -сестран спортист, фудбалер на „Тиквеш“ и

„Вардар“.Со скопскиот лигаш во 1961 година го освои Купот на Југославија , кога во финалниот натпревар на стадионот ЈНА во Белград го победи Вартекс со 2:1

АНГЕЛ КИМОВ - фудбалер, тренер ,десет години капитен на ФК

Тиквеш,голгетер на клубот и во македонската фудбалска лига

БЛАЖО МАЛИНКОВ - лево крило и центарфор на ФК „Тиквеш“ и ФК „Победа“ ДОБРИ ДАСКАЛОВ - Во чест на тиквешкиот војвода, во НОБ, Тиквешкиот

партизански одред го носел неговото име, а денес и гимназијата во Кавадарци исто така го носи името на Добри Даскалов.

СТРАШО ПИНЏУР - народен херој ,визионер кој ја предвиде својата смрт.

Потекнува од револуционерно семејство. Дедо му Арсо и баба му Наца биле учесници во Илинденското востание. И татко му Димитрија исто така бил револуционер, другар на Гоце Делчев, но тој не ја видел својата рожба затоа што истата година, во виорот на Првата светска војна, загинал во борбите кај Криволак.

…….итн......итн........итн....итн

Според информациите кои ги имаме , доколку се обезбедат средства,промоцијата на монографијата “Гордоста на Кавадарци“ се очеkува за крајот нa месец октомври.

м.д.