МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОТРОШЕНИ СЕ СИТЕ КРЕДИТИ ПА ЗАТОА ПОБЕДАТА Е ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА ЗА КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ ВО ОВОЈ ДУЕЛ

Утре се играат средбите од 7 коло во ракометната суперлига група „Б“. Паровите за ова коло се следниве:

„МЛАДОСТ“ БОГДАНЦИ СЛОБОДЕН

ГРК „ТИКВЕШ“ - „РАБОТНИЧКИ“

„ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2„

- „ПРИЛЕП“„БУТЕЛ“ - „МЕТАЛУРГ“

По несреќно загубените бодови со „Прилеп“ сите во таборот на кавадарчани се свесни дека веке киксови не смее да има. Свесни се и лугето од управата и стручниот штаб и играчите. Затоа единствена опција за кавадаречките ракометари на средбата со „Работнички“ е победа и ништо друго. Во прилог на ракометарите на „Тиквеш“ оди и фактот дека скопската екипа има речиси идентичен скор со само една победа досега па оттука „Тиквеш“ сооглед на квалитетот на поединците би требало да ја има фаворитската улога. Да напоменеме дека натпреварот „Тиквеш“ - „Работнички“ ке се одигра утре (четврток) со почеток во 19 часот пред празни трибини во салата „Јасмин“ но со стрим пренос на RTK.MK.

м.в.

petreski-1-e1583159870374-696x457 120719466_1848435708647508_9209444248879071558_o safe_image-php