МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во 2019 година се изврши асфалтирање на дел од улицата „7ми Септември“, на потегот од раскрсницата со улиците „Цано Поп-Ристов и „Браќа Џунови“, до раскрсницата кај салата „Партизан“, со што се заокружи реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница. Претходно на овој дел од улицата се спроведе: реконструкција на тротоарот со отстранување на оштетени плочи, се подготви подлогата, потоа се ископа ров за нова подземна инсталација за јавното улично осветлување и за операторот „Телеком“, а се санираа и испакнатите корени на дрворедот. Според проектот општината изврши поплочување на тротоарот со павер елементи на површина од 900 м2, а на делот до коловозот постојниот тротоар се пренамени во асфалтиран паркинг со нивото на улицата со корисна површина од 1.000 квадратни метри. Со овој зафат општината ревитализираше коловоз и тротоар на централната улица во градот која води од центарот кон градскиот парк и стадионот. Општината на овој потег изгради и два кружни текови, а со уредувањето создаде побезбедни услови за пешаците и за одвивање на сообраќајот.