На седницата на Советот на Општината која денеска се одржа на дневен ред беа 76 точки на Дневен ред.Најголемо внимание и дискусија предизвика најважниот документ- Буџетот на Општината за 2021 година.Со мали дополнувања со амандмани,градоначалникот и Советниците имаа разбирање за мали корекции на најважниот документ на Опптината за 2021 година, кој советнииите го по редовна постапка усвоија.

Претседателот на советот Ристо Сакалиев им се заблагодари на сите советници за соработката . Донесените одлуки биле во интерес на сите граѓани, нагласи Сакалиев.

Градоначалникот Митко Јанчев , во своето обраќање до јавноста и советниците ја нагласи добрата соработка со советот и не го криеше задовоолството од усвојувањето на Буџетот, кој треба да биде база за реализација на најавените капитални инвестиции во Општината наредната година.Истовремено тој во наредната 2021 година , која на сите граѓани им ја честиташе,посака да немаме ковид проблеми, кризата да биде надмината, се да се врати во нормала и граѓаните да живеат и работат без огранучувања .

131423889_1566001940254602_511172815633371764_n 131432268_1326502864370950_1768810352379662954_n