МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лазар Дојчинов остана доследен на повеќе од една деценија востановената пракса да организира ликовни изложби за Свети Трифун - Денот на лозарите во Музеј галеријата.

Да потсетиме тој е роден1948 година во Кавадарци. Завршил Виша ХТЗ школа во Скопје. Во 1978 година се запишува како вонреден студент на Педагошката академија во Скопје, отсек ликовна уметност.

Талентот го надоградуваи продолжува да ги усовршува тајните на сликарските техники кај Димитар Кондовски и Борко Лазески, кои се голем стимул и императив во неговото творење како ликовен уметник.

Во 2019 година Дојчинов како гостин на хепенингот на Здружението “Борка – за секој нов ден” кое се случи во Кавадарци, инспириран од самата дружба, остави белег на овој настан со свое уметничко ликовно дело.

Вечерва во Локалниот музеј во Кавадарци беше отворена негова самостојна изложба насловена како „Свети Трифун 2021“.На изложбата зборуваа новинарот и ликовен критичар Мирјана Мукаетова,советникот Виолета Димитрова и директорката на Музејот Весна Ѓорѓиева. Говореше и самиот автор кој им се заблагодари на сите кои помагаатда се организира изложбата.

Изложбите на Дојчинов се секогаш доста посетени, а изложбата во 2010 година ја видоа од околу 3.000 посетители.Ова изложба која содржи 80 сетина акварели, и слики израотени во други техники на сликање ќе биде поставен две недели.Лазар Дојќжчимов живее и работи како самостоен ликовен уметник во Кавадарци.

149099381_863213307861466_6822195318630858745_n149128166_448744122938747_1884323986808905432_n149152163_221633259667789_8943866748518837824_n149296270_3532023460229091_7313255243087166685_n149240963_1279390515788418_1463601725140807896_n