Снег во изобилство има во ова наше најпознато туристичко место
Снегот кој започна да паѓа вчера попладне веќе оформи снежна покривка од десетина сантиметри. Во моментов(29.11.2016) ,според информација од „Ја-ми“ претпријатие кое врши зимско одржување на патиштата таа изнесува околу 20 -сетина сантиметри.
Од детското одморалиште „Михајлово“ информираат дека снегот продолжува интензивно да паѓа, и очекуваат до крајот на денот поголем снежен нанос. Дополнително, од одморалиштето информираат дека патот до истото е во целост прооден, па сите оние кои сакаат да уживаат во зимската идила, може да го посетат одморалиштето.