МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во пресрет на Велигденските и првомајските празнувања утре, среда 28 април, со почеток од 12.30 часот, во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, продолжуваат културните збиднувања со отварањето на самостојна изложба насловена како „Автобиографија во слики“ на познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски од Скопје.

Поради пандемиските мерки љубителите на уметноста оваа изложба ќе можат да ја погледнат секој работен ден од 9 до 14 часот со ограничен број на посетители, а утрешното отварање ќе се одвива исклучиво според Протоколите за работа во време на COVID - 19

М.В.