МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕОСТАНАТИТЕ ТРИ СРЕДБИ КАКО ДОМАЌИНИ КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ КЕ ГИ ИГРААТ ВО НЕГОТИНО

Заради пандемијата спортската сала Јасмин во Кавадарци се трансформираше во регионален центар за вакцинација.

Ова значеше дека кавадаречките спортски колективи кои егзистираат во кавадаречката сала, а тука пред се станува збор за КК „ЕуроНикел“ и ГРК „Тиквеш“ ке мора да бараат други опции каде би ги играле своите средби како домакини. КК ЕуроНикел сеуште не знае каде би ги играле своите средби бидејки единствени сали, кои се најблиски до Кавадарци а одговараат на пропозициите на КФМ се салите во Гевгелија, Струмица или евентуално „Кале“ во Скопје.

За разлика од кошаркарите, ракометарите експресно најдоа замена и последните три средби ке ги одиграат како домаќини во соседно Неготино. Кавадаречките ракометари веќе тренираат во салата при СОУ „Св.Кирил и Методиј во Неготино. Да споменеме дека до крајот на ракометниот плеј аут ракометарите на ГРК „Тиквеш“ ке им гостуваат на „КЛ 7“ во Скопје и во Прилеп на истоимената екипа. Како домакини кавадарчани ке ги пречекаат „Младост“ од Богданци, „Радовиш“ и „Работнички“.

Останува прашањето дали доколку продолжи подобрувањето на состојбата со КОВИД 19, ке се дозволи публика во салите.

М.В.