МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Редовна крводарителска акција за припадниците на МВР во Кавадарци, која се одржа во просториите на гранична полиција РЦ за ГР Југ Кавадарци.

Акцијата е во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска огранизација Кавадарци, МВР и Институтот за трансфузиона медицина - Скопје.

Според годишниот план за крводарителство, Црвен крст Кавадарци на ниво на двете општини Кавадарци и Росоман треба да реализира 1.184 крвни единици или околу 3% од вкупниот број на жители во двете општини. Заклучно со месец јуни како пресек за половина година, предвидени се да се реализираат околу 600 крвни единици, а реализирани се над 800 крвни единици што значи бројката е натфрлена со околу 200 повеќе. Голем респект и браво за нашите крводарители.Граѓаните од Тиквешијата секогаш покажуваат високо ниво на хуманост кога е во прашање крводарителството.

Следната крводарителска акција е во вторник 23-ти јули во просториите на Црвен крст Кавадарци, за сите граѓани од двете општини Кавадарци и Росоман.

ЗА акцијата не информира Димитар Каракулев-Претседател на Црвен крст Кавадарци и Потпретседател на Црвен крст на Република Македонија.

67260960_484035319017110_7401276292315742208_n.jpg