МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

АНАЛИЗИТЕ НА КЕМ ПОКАЖАА ДЕКА 99 ЖЕНИ ТРЧАЛЕ НА ПОЛУМАРАТОНОТ А И ВО ОРГАНИЗАЦИОНИОТ ОДБОР ОД 7 ЧЛЕНА 3 СЕ ЖЕНИ

Претставници од Комисијата за еднакви можности на Општина Кавадарци (КЕМ) и Општина Неготино беа учесници/чки на кавадаречкиот ноќен полумаратон . Борбата за еднакви права меѓу мажите и жените е маратон со историски пропорции. Родовата анализа на КЕМ во однос на бројот на пријавени учесници покажува дека расте бројот на пријавени учеснички во однос на претходните години што значи дека жените почнуваат активно да се вклучуваат во спортските ативности во заедницата. Со учеството на маратонот КЕМ испрати силна порака, а тоа е дека треба да се срушат родовите стереотипи со кои се соочуваат жените за помалку моќни и помалку издржливи од мажите и затоа КЕМ ќе се залага за еднакво учество на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор.

М.В.

203699975_535833540760529_5670572442485436732_n