МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Театарот гостуваше во Босна, играорците во Битола а утре напладне во Домот на културата ке биде отворена изложба на Роберт Цветковски

Вистински жешки денови за кавадаречката култура. Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци, со претставата “Не се клади на енглези“ учествуваше на меѓународниот театарски фестивал на аматерски театри од поранешна Југославија “Фестивал фестивала“, кој се одржа во Требиње, БиХ.Нашиот театар имаше и повеке од успешен настап во официјалниот дел на фестивалот. Да напоменеме дека фестивалските награди по категории ќе бидат познати до крајот на оваа недела. Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој исто така работи при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, синоќа, на 28 јули настапи во официјалниот дел на Меѓународниот фолклорен фестивал “Илинденски денови“ во Битола, каде премиерно ја изведе новата поставена кореографија “Песни и игри од Овчеполието“.На фестивалот покрај нашите играорци учествуваа и ансамбли од Вевчани, Скопје, Македонски Брод, Гевгелија, Радовиш, Битола како и гостите од Елбасан, Албанија, од Атина, Грција, Чачак од Србија и од Краснојарск, Русија.А утре, петок, на 30 јули во Галеријата при Домот на културата со почеток од 12 часот ке биде отворена изложба на познатиот ликовен уметник Роберт Цветковски од Крива Паланка.Цветковски е роден во Куманово 1965 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна умeтност во Скопје во 1989 година во класата на Ана Темкова а во моментов работи во гимназијата во Крива Паланка како ликовен педагог.

М.В.