Сите авторитети, поединци и институции, јавни претпријатија, медиуми, здруженија на граѓани, еколошки и планинарски друштва и други субјекти, да одвојат барем 5 минути за превенција и спречување на пожари. Граѓаните да бидат по совесни при секое излегување на отворен простор, поле, нива, шума, да ги превземат сите мерки за да се исклучи човечкиот фактор и тие да не бидат предизвикувачи на пожари. На сите наплатни рампи во државата ( од ЈП Македонски шуми) да се остават ,,купишта,, едукативни флаери за превенција од пожари кои ќе им се даваат на сите возачи кои транзитираат низ државата или се упатуваат кон излетничките места. Еден опушок од цигара фрлен низ прозорецот на овие високи температури може да предизвика последици од големи размери. Доколку се открие дека некој намерно предизвикал пожар, да се превземат најригорозни мерки против него. И во населените места, во дворовите, шупите, граѓаните да ја проверат состојбата со лесно запаливи матерјали и предмети и да ги обезбедат, бидејќи голем дел од нив чуваат покрај куќите и во дворовите суви прачки и отпадок од винова лоза заради печење на ракија, што преставува исто така потенцијална опасност од предизвикување на пожари.