МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ФБ профилот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност денеска е објавено дека за потребите на гинеколошко-акушерскиот оддел во болницата, од страна на компанијата „Алајанс Уан„ Македонија дониран е породилен стол од германскиот производител „Schmitz„ во вредност од 26.000 евра, со што е заменет постоечкиот стол кој е стар повеќе од 40 години. -Уверени сме, наведено е на ФБ профилот , дека со оваа донација ќе се подигне нивото на квалитет на здравствените услуги на родилките од Кавадарци и околните општини. Изразуваме огромна благодарност до компанијата „Алајанс Уан Македонија“, која уште еднаш покажа сериозно чувство за општествена одговорност. Ова е содржано во денешнопто јавно известување од ЈЗУ„Општа Болница со проширена надлежност Кавадарци„ во врска со донацијата. 321771863_719772813173317_6109248921583263661_n 322993581_479257011044968_3871803845224563551_n (1)