МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ѓурковски е стандарден член на репрезентацијата до 21 година но во Шкупи нема премногу минутажа па до крајот на полусезоната ке ги брани боите на кавадарчани

ГФК Тиквеш паузата во првенството ја користи за консцолидација на сопствените редови по катастрофално лошиот старт во првенството. Прво управата на клубот му ја продолжи довербата на Пане Блажевски како тренер на екипата а потоа беше ангажиран и нов фудбалер кој на кавадаречката одбрана треба да и донесе дополнителен квалитет. Станува збор за младинскиот репрезентативец Александар Ѓурковски кој во моментов е дел од репрезентацијата до 21 година и синоќа настапи против селекцијата на Франција во Ле Ман. Откако ќе му завршат обврските со националниот тим ќе се врати но не во неговиот досегашен клуб Шкупи, туку во Тиквеш каде што ќе настапува до крајот на полусезоната. Ѓурковски во моментов во тимот од Чаир нема премногу минутажа, па затоа доаѓа во Кавадарци каде што ќе го добие потребното прволигашко искуство во моментов.

М.В.