МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

,,И денес како што најавивме во изминатиот период со дел од советничката група ќе ве запознаеме со неколку проекти од екологијата и животната средина, кои ќе помогнат и придонесат многу за нашето општество и впрочем целокупниот живот на нашите сограѓани. Би ги спомнал 1.Изградба на фотоволтаици за производство на електрична енергија Со овој проект е предвидено преку јавното приватно партнерство Општина Кавадарци да склучи договор со приватен инвеститор за производство на електрична енергија со систем со фотоволтаици. 2.Зелени кровови и вертикални градини Кои ќе придонесат во проширување на зелената архитектура на повеќе локации во градот 3.Зелени острови во централното градско подрачје Хортикултурно уредување на жардинериите на булеварите и другите површини. 4.Пошумување на 1 милион садници Пошумување на повеќе локации низ Општина Кавадарци 5.Воведување на оџачарска служба Прочистување на оџаци за заштита од загадување и превенција од предизвикување на пожари во станбени објекти 6.Изготвување на студија за причинители на загадување на воздухот Ангажирање на надлежни стручни лица или компанија која би ги утврдила точно причинителите на загадување на воздухот во Кавадарци и изготвување на долгорочен план за подобрување на амбиенталниот воздух. Драги кавадарчани, 4 години направивме многу за нашето Кавадарци, подигнавме над 120 000 метри квадратни нови зелени површини. Дозволете ни уште 4 години напорно да работиме и да ги реализираме овие проекти.

Кавадарци за сите. Број 7 за сите,,