МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во текот на 2016 год. вкупно се испитани околу 600 мостри вода за пиење.

ЈЗУ Центарот за јавно здравје Кавадарци врши испитување на исправноста на водата за пиење како од градскиот водовод Лукар така и на сите останати водоводни објекти ( локални селски водоводи, чешми и бунари) во општините Кавадарци и Росоман.

Од 600 мостри околу 400 мостри се испитани од Градскиот водовод Лукар (градска мрежа,стопански организации и села приклучени на градскиот водовод), и сите се како физичко-хемиски така и бактериолошки исправни односно водата е безбедна за пиење.

Мострите на вода за пиење околу 150 земени од селските локални водоводи од кои само кај неколку се врши дезинфекција на водата односно хлорирање а останатите се оставени сами на себе , покажуваат голема бактериолошка неисправност и тоа од 40% до 70% . Кај останатите 50 мостри земени од други водоводни објекти (природни чешми и бунари), водата покажува најголем процент на бактериолошка неисправност од 80% до 90% . Кај бактериолошките неисправни мостри на вода се изолирани бактерии индикатори на фекално загадување, најчесто Ешерихија коли и Колиформни бактерии предизвикувачи на цревни заразни заболувања, додека физичко-хемиската неисправност е поради тоа што кај најголем број на локалните водоводи не се врши хлорирање на водата.Од предходно изнесеното се заклучува дека градот Кавадарци, селата приклучени на градскиот водовод Лукар и села со локален водовод каде се врши хлорирање на водата со вкупно 40 740 жители или 95% од вкупното население во двете општини , редовно се снабдуваат со хигиенски исправна вода за пиење, додека кај 5% или 2 142 жители водоснабдувањето е ризично, преку локални селски водоводи, природни чешми и бунари. Препорака: Да се изврши асанација на сите локални селски водоводи и да се спроведе редовно дезинфекција односно хлорирање на водата за да се добие безбедна вода за пиење и кај ова - 5% население.Oва во официјално соопштение до нас го достави Раководителот на ЈЗУ-Центар за јавно здравје Велес-Подрачна едница Кавадарци :Д-р Трајче Ризов-специјалист по хигиена.