МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВЕЧЕРВА ВО 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Тасим Кадрија од Слупчане. Изложбата е насловена како “Симфонија на боите“.Tасим Кадрија е роден во 1 август 1961 во Слупчане. Основното училиште го завршил во ОУ“Јета е ре‘‘ во Слупчане, а средното образование го завршил во гимназијата ‘‘Гоце Делчев’’ 1981 во Куманово. 1984 дипломира на Педагошка Академија .“Свети Климент Охридски“ во Скопје, во класата на проф. Ристо КалчевскиОд 1984 година е вработен како наставник по Ликовно Образование во ОУ ‘‘Фаик Коница‘’ во Слупчане до ден денес. Во 2006 година се запишал на Факултетот за Ликовна Уметност во Скопје, каде во 2008 дипломира, во класата на проф. Рубенс Корубин.Отворањето на изложбата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Сертификат за примена вакцина, потврда за прележан COVID - 19 до 45 дена. Бројот на присутна публика е 30 % од предвидениот простор.