Оваа година Републичката акција за помали извидници (РАПИ) се одржа во Скопје на 16 октомври каде учество зедоа дури 17 екипи од Скопје, Штип, Кавадарци, Куманово, Прилеп и Свети Николе. Активностите се одвивале во околината на Градскиот парк, Кале и реката Вардар и вклучувала семафор, морзе, итенерер, патни знаци, наоѓање контролни точки во природа, решавање задачи на карта, патенти во природа, јазли итн проследени со тимска работа. Дефинитивно највозбудливиот дел беше полигонот на спретност во Авантуристички парк Скопје како и што кажуваат фотографиите. Освоените места се следни: 1. Екипа „Сидро 3“ - ИПО Сидро Скопје 2. Екипа „Сидро 1“ - ИПО Сидро Скопје 3. Екипа „Галеб 4“ - ИПО Галеб Скопје Би сакале особено да им се заблагодариме на сите волонтери вклучени во организацијата и уште еднаш да им честитаме на сите учесници,, велат од организаторот. Кавадаречките извидници од ,,АВАНТУРИСТИ,,, КАКО ШТО НИ ЈАВУИВА ДАРЕ ЗОКОВ, УЧЕСТВУВАЛЕ СО ДВЕ ЕКИПИ. 246212796_4619399954788523_890170977950510509_n 246423406_4619391848122667_8892772426741097022_n 247506742_4619394588122393_2774896545352783336_n 247841854_4619394534789065_614534519969680681_n 248165155_4619393564789162_2061713665412229351_n 248166114_4619399958121856_3695187921311369126_n