МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Денеска по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, компанијата Кожувчанка донираше статичен велосипед за потребите на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост од Кавадарци. Согласно укажаната потреба од Меѓуопштинскиот центар за Социјална работа-Кавадарци, со оглед на фактот дека Дневниот центар го посетуваат лица од различна возраст, а со самото стареење постои можност за ослабнување на мускулатурата, од големо значење е донацијата на овој статичен велосипед кој во голема мера ќе придонесе за одржување на мускулаторниот тонус, физичкиот развој и рекреација кај корисниците.

Се надеваме дека преку оваа скромна донација би придонеле за поуспешно и поквалитетно функционирање на овој Дневен центар, бидејќи не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и нивните права за еднаквост со другите, овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството-изјавија од Кожувчанка.

Некогаш даваме, а некогаш примаме поддршка. Затоа сме луѓе!