По фудбалерите, со подготовките стартуваа и кошаркарите и ракометарите

Откако фудбалерите стартуваа со подготовките за втората полусезона веднаш истото го направија и останатите претставници на колективните спортови. Кошаркарите на Еуроникел стартуваа со лесни тренинзи во салата Јасмин. Тренерот Самарџиев на располагање го има целиот ростер а единствено денеска требаше да се приклучи Дубински. До стартот на вториот дел од првенството за нашите кошаркари остануваат две недели.Според последните информации од клубот не се планирани промени во играчкиот кадарИ ракометарите од вчера се активираа и почнаа да го одработуваат подготвителниот период . Според информации блиски до клубот од обврски се ослободенни Марио Гичев и Марко Трајковски а најава за нови ангажмани сеуште нема. И ракометарите и кошаркарите во продолжение ке се обидат да изборат пласман во плеј офот и да разигруваат за шампионската титула. Засега единствен проблем е студеното време бидејки салите се многу ладни а токму тоа претставува проблем за квалитетно организирање на тренинзи.Нашите спортисти посакуваат пред се да се здрави и ветуваат бурна пролет и пласман во плеј офот.

М.В.

257571825_1247719175704574_2731517514388003625_n