МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во периодот од февруари 2022 до март 2023 година во Кавадарци ќе се спроведува проектот „Намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку негова реупотреба изголемување на социјалната вклученост во општина Кавадарци“. Проектот ќе бидереализиран од страна на Здружението за заштита и унапредување на животната средина “ЕкоЖивот” Кавадарци, во соработка со средното општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци, Општина Кавадарци и ЈП Комуналец Кавадарци. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), Здружението “ЕкоЖивот“ од Кавадарци, средното општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци и Општина Кавадарци. Проектот е со вкупен буџет од 35.910 САД$, од кои 29.910 САД$ се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението “Еко-Живот“ од Кавадарци, средното општинскоземјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци и Општина Кавадарци.Генерална цел на проектот е намалување на отпадот од мебел и текстил на депониите и јавните површини и негативното влијание на овој отпад по животната средина во општинаКавадарци. Со проектот ќе биде набавена опрема и ќе се обучат лица да поправаат и крерираат мебел.Конкретни цели:- Воспоставен центар за реупотреба за собирање, селекција и преработка за реупотреба на мебели реупотреба на текстил во декоративни елементи за мебелот- Зголемување на свеста на граѓаните, локалните институции и бизнис за позитивните ефекти нациркуларната економија, со акцент на реупотребата, по животната средина и животниот стандардна граѓаните, особено ранливите групи на граѓани во општина Кавадарци.- Зајакнување на капацитетите на организацијата за продолжување со активностите за собирање,селекција и реупотреба на мебел и текстил, како и достава на преработени за реупотреба работидо семејства од социјален ризикПовеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на www.gefsgpmacedonia.org.mk иhttps://sgp.undp.org.Еко-Живот Кавадарци ekozivot@yahoo.com www.eko-zivot.org.mk.

download 72ca15047a78e7b4a322422f38badf4b_Generic download