МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

– Во организација на Еуроникел Индустри, Општина Кавадарци и Еколошкото друштво Тисовец, денес во Кавадарци се одржа финалниот еко натпревар, што ги опфаќа сите ученици во 5то одделение од градот и околината. Учениците преку квизот од областа на еколошките прашања и проблеми, го демонстрираа своето знаење и еколошка свест.

По две години пауза заради Ковид рестрикциите, ова е шестиот по ред ЕКО КВИЗ во кој учествуваа шесте основни училишта од Општина Кавадарци, откако успешно се реализираа натпреварите на училишно ниво.

„Ова е еден исклучителен пример каде деловен субјект, локална власт и невладин сектор се обединуваат во една цел која е од суштинско значење во денешно време, а тоа е едукација на новите генерации за важноста на заштитата на животната средина, како предуслов за здраво општество. Затоа ние како Еуроникел Индустри сметаме дека инвестирањето во подигнување на еколошката свест уште од најрана возраст е од клучна важност. Оваа цел ја делиме заедно со Општина Кавадарци и со Еколошкото Друштво Тисовец од с. Возарци, а крајниот резултат е што низ годините речиси 3000 ученици земале учество во училишните и општинските натпревари, со што сме успеале да поттикнеме значајна еко едукација кај сите овие ученици. Успешноста и резултатите што ги дава оваа иницијатива, се причината што веќе со години се организира“ , вели Борка Петровска, менаџер на администрација од Еуроникел Индустри.

Квизот на знаење започнува со школски натпревари во кои учество земаа речиси 350 петтодделенци, а потоа победниците од секое училиште учествуваат во општинскиот натпревар. Годинава првата награда ја освои училиштето „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци, а второпласирани беа учениците од ОУ „Тоде Хаџи-Тефов“. Наградниот фонд вклучуваше смарт часовници, еко атласи и екскурзија од еко-едукативен-забавен карактер во организација на Еуроникел Индустри. Благодарение на оваа иницијатива, во изминативе 6 години сите ученици стекнале поголеми еколошки знаења, но и ги промениле старите навики кон животната средина.

EkoKviz_2022_16 (1)