МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во петок, на 14 октомври 2022, во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци започнува манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2022“. Ќе биде отворена со етно изложбата фотографии насловена како “Уменците и Пресвета Богородица". За време на годинашното издание на “Кавадаречка културна есен“ кое ќе трае од 14 октомври до 1 декември 2022 ќе се оддржат театарски претстави, вклучувајќи ја и “Недела на театарот“, потоа концерти од повеќе музички жанрови, фото и ликовни изложби, проекциии на филмови и др. Годинава манифестацијата “Кавадаречка културна есен“ ќе се одвива под мотото “Култура е... Дојдете во нашата “куќа на уметноста“ да го почуствувате и доживеете тоа што ќе го видите!“

Еден од настаните во “Кавадаречка културна есен 2022“ е и Меѓународниот фолклорен фестивал “Кавадаречки фолклорни средби“ кој се оддржува по трети пат. Концертите се на 14 (петок) и 15 (сабота) октомври 2022 со почеток од 19 часот. Во пресрет на првата фестивалска вечер, дефиле со сите учесници на фестивалот ќе се оддржи во петок, на 14 октомври со почеток од 18 часот, на потегот од Кружниот тек во Новиот центар на Кавадарци до Градскиот плоштад.

Во рамки на фестивалот, во сабота, на 15 октомври, од 11 часот, во Галеријата при Домот на културата ќе се оддржи работилница за ткаење. На годинашното изданите на “Кавадаречки фолклорни средби“ учествуваат ФА “Тиквеш“ - Кавадарци, ФА “Бучим“ - Радовиш, КУД “Живинице“ - Живинице, Босна и Херцеговина и КУД “Дуга“ - Беране/Подгорица, Црна Гора. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура .